Локалитетите Баргала и Билазора дел од предвидените проекти на министерството за култура

Локалитетот Баргала Штип и локалитетот Била Зора Св. Николе, дел од предвидените капитални проекти за годинава на министерството за култура и туризам. Министерот Љутков во денешната изјави посочи дека годинава заклучно со Штипскиот и Светиниколскиот локалитет министерството ќе вложи средства во нивно истражување. Вели дека оваа година акцент ќе се даде и на младите лица во државава.

“Во областа на археологијата годинава ќе се вложат средства во истражување на локалитетите Корошишта, Била зора, Манчевци, Баргала Штип. Нашата посветѕеност кон културата е посветена од било кога и заедно ќе создадеме посветла иднина. Годинава со особено внимание се пристапува кон младите уметници кои допрва ја градат својата кариера.“, вели Љутков

Она што додатно го истакна министерот Љутков е тоа дека наскоро се објавуваат и резултатите од конкурсите, па топло им честита на добитниците, посакувајќи им успешна реализација на нивните проекти.

Иван Митев, М-Нет