
Четврти ден ни трага ни глас од 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино. За последен пат виден во четвртокот во 10 часот во близина на кавадречкото село Марена, облечен во работничко одеоло, бело палто и црн елек. Веќе од тој ден Полицијата, блиските, роднините и другарите на Миле трагаат по него, но тоа не е доволно за да тој се пронајде. До сега се организирани и акции од страна за граѓани, но сепак не успешна. Се уште неговите блиски не спијат, не јадат и со голема болка го бараат своето чедо. Доколку некој случајно го забележал или ќе го заблежи, неговите блиски замолуваат да се обратат на телефонските броеви 078-909-481 и 075-691-727, или најбргу до блиската полиска станица.
Иван Митев, М-Нет