Бајлозов нов претседател на ОФС Валандово, Омерагиќ: Новото раководство на ФФМ обединува!

Вечерва се оддржа редовното изборно собрание на ОФС Валандово, каде за нов претседател беше избран поранешниот фудбалер Сашко Бајлозов.

По изборот, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ рече дека новото раководство на ФФМ обединува.

„Новото раководство на ФФМ обединува! Не бега од проблемите, туку ги решава во интерес на фудбалот. Останува да видиме дали некои луѓе ќе ги остават настрана разликите од минатото или договорот за функција навистина ќе ги поттикне да работат за добро на македонскиот фудбал!? Бајлозов со месеци беше најгласниот критичар на ОФС Валандово и досегашниот претседател на Општинскиот сојуз. И на речиси секој состанок на Сојузот и во секое интервју, посебно во последните неколку недели, па дури и во приватни разговори, ја нагласуваше т.н. негативна страна од работата на ОФС Валандово. Својата репутација во последниот период ја изгради на максимата – “Јас сум праведниот глас против сето она што другите го претставуваат”. Човекот со “принципи”, оддеднаш седна и се договори со досегашниот претседател на Сојузот. И стана претседател на ОФС Валандово и делегат на собранието на ФФМ. И има неповторлива прилика да покаже дека се разликува од сѐ она што досега го критикуваше. Во спротивно… доколку не се држите до фудбалските принципи, толку е. Ова е мојата порака. Покажете дека сте тука за добро на македонскиот фудбал, а не за функција или лична корист. Истото важи за сите, но само со почитување на Статутот и процедурите. Надвор од тоа, ништо за никого, нема да помине. Правилата постојат за да се почитуваат“, напиша Омерагиќ на неговата официјална фејсбук страница.