
Ракометниот клуб Пролет за вториот дел од сезоната во своите редови претстави три засилувања. Откако беше претставен Никола Стоилевски како прво зимско засилување, во тимот на тренерот Никола Матлиевски доаѓа и Стефан Атанасовски. Тој е 25-годишен ракометар кој игра на позицијата пивот, а во есенскиот дел настапуваше за тимот на Раховеци во косовскиот шампионат, а има настапувано и во шампионатите во Катар и Саудиска Арабија, а пак кариерата ја започна во школата на Вардар, од потоа настапуваше и за првиот тим поранешниот двократен европски шампион.
Пролет се засили дополнително и со два млади ракометари се работи за Стефан Јовчевски и Јован Фичорски.
Јовчевски е 19-годишен ракометар кој игра на позицијата пивот и доаѓа од тимот на Бутел, додека пак Фичорски беше дел од младинската школа на Пролет, а неколку месеци настапуваше и во тимот на Скопје, од каде тој повторно се враќа во редовите на пролет.
Пролет се наоѓа на седмото место на табелата со 14 бодови, а вториот дел од сезоната го отвара на домашен терен против фаворитот Вардар.
Александар Ванев, М-Нет