
Преполовен прометот во македонските маркети по вчерашниот бојкот од страна на граѓаните, УЈП ги објави податоците. Согласно нивните податоци во осум поголеми ланци на маркети во државата, во петок 31 јануари 2025 година до полноќ е регистриран вкупен промет во износ од 114 милиони 293,367 денари. Ден претходно кога немаше бојкот однонсо Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, регистриран е вкупен промет во износ од 212,782,151 денари. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%.
Претходниот петок на , 24.01.2025 година до полноќ, е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.
Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.
Премиерот Мицковски посочи дека се на терен и делуваат со цел да се задржи стандардот за граѓаните.
„Можам да кажам дека се наоѓаме во сите поголеми супермаркети. Дел од она бевме загрижени, односно нашите грижи стануваат реалност. Делуваме и ќе продолжиме да делуваме“ – вели Мицковски.
Бојкотот на маркетите во државата беше како резултат на незадоволството на граѓаните од енормно високите цени на производите за живот, гледано по примерот од Хрватска.
Лаура Стојанова М-Нет