ОФС Валандово: Постапуваат од МВР и органите на ФФМ, потоа ќе дадеме одговори

По гостувањето на поранешниот фудбалер Сашко Бајлозов во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија и во однос на неговите тврдења за Општинската фудбалска лига во Валандово, во текот на вчерашниот ден одговори побаравме и од Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, од каде ни одговорија денес.

По однос на тврдењата и нивниот став во однос на тоа што го изнесе Бајлозов во неговото гостување во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија од ОФС Валандово ни одговорија.

„По однос на прашањата, си постапува МВР и органите на ФФМ, по завршување на постапката ќе го имате одговорот за трите прашања“, велат од ОФС Валандово.

Денес ќе биде одржано редовното изборно собрание на ОФС Валандово.

Александар Ванев, М-Нет