
Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, Тиверија Брера, за пролетната полусезона се засили со Данче Карпузовска, која всушност е повратничката во редовите на струмичкиот прволигаш.
22-годишната фудбалерка во Струмица доаѓа од редовите на актуелниот шампион Љуботен од Тетово, а низ својата кариера има настапувано и за Вардар и радовишка Плачковица. Струмичанката ќе биде големо засилување, но и освежување во редовите на Тиверија Брера за вториот дел од сезоната.
Карпузовска е повратничката во тимот, струмичанката потекнува од школата на Тиверија Брера, а дресот на струмичкиот клуб го носеше во период од 2014 година до 2022 година.
Тиверија Брера е есенски шампион, целта на тимот за пролетниот дел е освојување на првото место и шампионската титула, а со тоа и обезбедување на излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет