
Во тек е пријавувањето за Регионалниот избор на спортист до 18 години на Истокот, во кој се опфатени повеќе општини од источниот дел на Македонија.
М Нет телевизија втора година по ред го организира овој избор, но сега истиот е Регионален, односно ќе го избираме најдобрите спортисти на Истокот до 18 години.
За таа цел влегуваат спортисти до 18 години и кои се од или се натпреваруваат за клубови од Радовиш, општина Конче, Штип, Свети Николе, општина Карбинци, Кочани, Берово, Делчево, Виница, општина Зрновци, Пробиштип, општина Чешиново Облешево и Македонска Каменица.
Пријавувањата се отворени до 2. февруари, а сите спортисти кои постигнале значајни резултати ќе може да се пријават и да учествуваат во изборот, како што спомнавме од овие 13 општини на Истокот.
Околу условите и критериумите можете да се информирате подетално и на нашиот веб сајт М Нет мк, од каде може да ја превземете и пријавата и истата да ја пополните и доставите електронски или во просториите на М Нет телевизија.
Најдобриот спортист ќе добие парична награда од 30.000 денари, второпласираниот ќе добие 12.000 денари, а пак третопласираниот ќе добие парична награда од 6.000 денари, а паричните награди за најдобри три спортисти ги обезбеди рудникот Бучим и Боров Дол.
Александар Ванев, М-Нет