Македонскиот репрезентативец Енис Барди е нов играч на Бодрумспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, официјално е нов играч на Бодрумспор. 29-годишниот Барди веќе беше и официјално промовиран во дресот на новиот клуб.

Во новиот клуб тој доаѓа како слободен агент, откако се раздели со екипата на Трабзонспор. Барди одлучи да остане во турската Суперлига, иако за него интерес имаше и од други екипи од Италија, Хрватска и Шпанија.

Барди има настапувано за Леванте од Шпанија каде имаше одличен престој, за Ујпешт од Унгарија и Преспа Бирлик од Шведска, како и за младинските категории на Брондби од Данска и Шкупи од Македонија од каде и ја започна кариерата.

Александар Ванев, М-Нет