Грипот и загадениот воздуг им ги ставија маските штипјани, 8 дена има загадување

Грипот и загадениот воздуг ги натера повозрасните да ги стават маските на лице. Иако тоа не е препорака, која се впишува како задолжителна, сепак за поголема безбедност некој од граѓаните започнаа да ги користат. Велат дека во последно време тие започнаа да ги користат и на тој начин тие сметаат дека ќе го спречат вдишувањето на нечист воздух или пак заразување од било каков грип.

Од страна на мерната станица за квалитетот на воздугот Штип, велат дека последните 8 дена се надминати вредности од 50 микро грами на метар кубен. Вклучително од 16 ти јануари, па до сега отскокнува нормалната граница на квалитетот на воздухот.

„Во Штип осум денови по ред се надминати вредностите од 50 микро грами на метар кубен. Вклучително од 16 јануари годинава воздухот отскокнува од нормалната граница, па според тоа на 16 јануари загаденоста била 53 микро грами. Нешто повеќе и тоа за 46 проценти е зголемено загадувањето утредента на 17 јануари, каде истата достигнува 99 микро грами, па така и во останатите денови. Подобра е ситуацијата во моментот, концетрацијата изнесува 43 микро грами и со оглед фактот на маглата, сувото време, но и грејната сезона тоа е мало подобрување.“, велат од мерната станица за кавлитетот на воздухот

Во согласност со ситуацијата, квалитетот на воздухот денес достигна 103 ниво Штетно за здравјето, па затоа Лицата од чувствителните групи може веднаш да ги осетат ефектите врз здравјето. Здравите лица може да имаат тешкотии при дишењето и иритација на грлото со продолженото изложување. Се препорачува ограничена активностите во природата.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет