Виктор Гоцевски и Јоце Велинов се среќниците во Карбинци, односно Долни Балван

Традиционално и оваа година светиот крст во Општина Карбинци беше положен во водите на три локации. Во река Брегалница во село Долни Балван, Карбинци и во базен во село Таринци. Во Долни Балван крстот го фати Виктор Гоцевски. Јоце Велинов е среќникот кој го фати крстот во Карбинци, скока веќе 20 години, а ова е четвртипат како го фаќа.

„Веќе 20 години се фрлам по крстот, ова ми е четврти пат да го фатам“ – вели Велинов.

Многу здравје, среќа и бериќет поска и градоначалникот Виктор Паунов.

„Посакувам овој празник да ни биде поминат во здравје, бериќет и среќа. Господ да дава здравје во секој дом, на секој граѓанин“ – вели Паунов.

Крстот беше ставен и на лицитација и во Карбинци се купи за 3000 денари. Претходно се одржа и утринска литија.

Лаура Стојанова М-Нет