
Доделени се дополнителни шест денари за откупена оризова арпа за реколтата од 2024 година, истакнаа вчера од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот Цветан Трипуновски вели дека мерката треба да биде со важност од први ноември до 31 март 2025 година и сите земјоделци кои што ќе имаат предадено во овој период ќе добијат дополнителна субвенција од шест денари арпа.
„После неколку часовен состанок, закучокот е следен министерството оддели дополнителни шест денари за откупена оризова арпа за реколтата од 2024 година. Мерката треба да биде со важност од први ноември до 31 март 2025 година. Сите оние кои што ќе имаат предадено во овој период ќе добијат дополнителна субвенција од шест денари арпа, потенцирам килограм арпа. Дополнително обрската на министерството е да се изврши набавка на ориз за потребите на стоковите резерви. Ова се наследени проблеми, а ние орае да се соочиме со решавање на проблемите“, вели Трипуновски
Она што е дополнително важно е тоа дека се работи домакински за новата сеидба, која што не очекува во следниот период, вели Трипуновски, па дециден е дека проблеми се наследни и стите се решени, со што министерството навреме ќе има веќе податоци за површините и за субвенциите.
“Она што е исто важно за мене како министер е тоа што покрај што го решаваме проблемот, веќе работиме визионерски, домакински како да се организира сеидбата, која што ни е за неколку месеци и со надминување на сите проблеми кои што ги имаат земјоделците да бидат решени и да нема проблеми.“, додава Трипуновски
Ситуацијата создаде позитивни реакции кај земјоделците, а тоа го истакнуваат и тие пред медиумите, велејки дека со доделените дополнители шест денари, земјоделците ќе бидат презадоволни, а особено им е важно што заедно со министерот ги решаваат сите проблеми.
“Мислам дека најдовме едно решение од многуте решение кои што ги имавме до сега. Мислам дека со оваа мерка земјоделците ке бидат презадоволни, бидјеќи моментално ова е највозможното. Особено е важно што се решаваме заеднички со разбирање“, велат земјоделците
Инаку со ваквата можност не само што ќе бидат задоволни земјоделците кои сега егзистираат од тоа, туку ова ќе биде можност за да се вклучат и нови, а тоа создава факт дека државава во иднина би можела да биде независна во однос на производство.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет