Кожуф ги започна подготовките со новиот тренер Славчо Георгиевски – Тупан, нови играчи Дуков и Бошески!

Екипата на Кожуф од Гевгелија ги започна подготовките за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига, но со променет лик.

Клубот има нов тренер на местото на Филип Деспотовски пристигна Славчо Георгиевски – Тупан, кој ќе биде нов кормилар на тимот во пролетниот дел.

Неколку играчи од екипата заминаа како Александар Богданоски, Александар Ѓорѓиески, Филип Манасиевски, најдобриот стрелец Дарко Грозданоски, а клубот во следните денови ќе ги промовира новите играчи. Во тимот на Кожуф нови играчи се Сашо Дуков, кој доаѓа од Охрид каде беше најдобар стрелец, како и Давид Бошески кој доаѓа од редовите на Детонит Плачковица, секако дека ќе има и други засилувања во следните денови.

Клубот ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за вториот дел од сезоната.

Во ростерот за пролетниот дел ќе бидат вклучени и неколку играчи од младинските погони кои ќе добијат шанса за докажување.

Кожуф презимува на делба на осмото место заедно со Скопје со по 22 бодови, а пролетниот дел ќе го отвори против Каменица Саса на гостински терен.

Пролетниот дел од Втората лига започува на 15. февруари.

Александар Ванев, М-Нет