
Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци го зајакна својот состав за пролетната сезона, со два нови играчи кои ќе му помогнат во борбата за сигурен опстанок во Првата лига. Голманот Филип Купанов и Рушту Јонус беа официјално претставени како нови засилувања на клубот, од страна на претседателот на клубот, Миле Масларков, со што се очекува да донесат свежина и квалитет во тимот.
Купанов, кој доаѓа од Брера Струмица, ќе го замени досегашниот прв голман на Тиквеш, Тасев, кој го напушти клубот. 22-годишниот голман има настапувано за Беласица, Детонит Плачковица и Кожуф.
Рушту Јонус, исто така, 22 години, доаѓа од Вардар, а претходно имал настапи за Гостивар, Охрид, Кит Го од Пехчево, Работнички и Шкупи.
Со овие нови засилувања, Тиквеш влегува во пролетната полусезона со освежен состав и поголеми амбиции. Тимот ќе се бори за директен опстанок во Првата лига, а првиот тест за тимот ќе биде на гостувањето против лидерот Силекс во Кратово. Каваречките фудбалери ја завршија есенската полусезона на деветтото место со 14 бодови, и се надеваат на успешен старт на пролетниот дел.
Александар Ванев, М-Нет