Именден – луксуз во денешницата, ваквите мигови веќе се одбележуваат скромно со тесното семејство

Именден веќе луксуз за да се слави во денешницата. Иако, тоа е повод со кој домаќинот пречекувал полна куќа гости и давал софра за негово здравје, сепак денес кругот се стеснува на минимум, па во пресметка тоа би дошло да се собере само семејството. Ваквата ситуација граѓаните ја гледаат носталгично кон минатото, па децидни дека тоа време нема да се врати.

Анкетираните велат дека после короната, животот е веќе различен како небо и земја, па едногласни се дека од тогаш нема веќе големи слави и имендени.

Во согласност со ситуацијата, речиси сите кои слават именден одбираат да го прослават во по скоромни услови, од една страна тоа ги растеретува домашните обврски за самата прослава, а од друга страна ја намалува потрошувачката.

Лаура Стојанова, М-Нет