Пуштени во употреба нова спортска сала и клон при ДГ,,Вера Циривири Трена“во населба Три Чешми Штип

Пуштени во употреба нова спортска сала и нов клон при ДГ Вера Циривири Трена во приградската населба Три Чешми во Штип. На самиот настан, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, како и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Градоначалникот Иван Јорданов, вели дека со новата просторија од подарчното уилиште, ќе служи за одвивање на воспитно згрижувачкиот процес за околу 40 дечиња, како од населбата, така и од околните места.

“Oвде се пушта во употреба една спортска сала, која што е долгогодишно барање на жителите од оваа населба и се пушта во употреба еден клон при ДГ Вера Циривири Трена. Напраивме една оптимизација на ресурсите, адаптиравме една просторија од подрачното училиште Гоце Делчев, која што ќе служи за одвивање на воспитно згрижувачки процес за некаде околу 40 дечиња не само од оваа населба, туку и од околните населени места, близу населбата Три чешми.“, вели Јорданов

Премиерот Мицкоски вели дека на овој начин се прави животот на штипјани по квалитетен и подобар, па додтно истакана дека тие како влада овде не застануваат.

Инаку, самиот настан беше збогатен со мини приредба на дечињата и учениците од оваа населба, а ваквиот проект ќе овозможи подобри услови за нив.

Лаура Стојанова, М-Нет