Божиќен турнир во табла за првпат се одржа во Штип, пријавени 14 учесници

За првпат годинава во Штип се организираше и Божиќен турнир во табла. 14 учесници од Штип беа дел од турнирот и си ги измерија силите играјќи табла. Победникот на натпреварот симболично доби табла од страна на организаторот.

„Овој турнир кој се организира во табла е турска игра останата од Турците и ние ја продолжуваме на овој Божиќе турнир. Играта е многу интересна и убава како спорт.

Целта на турнирот е младите да научат да играат табла, и поактивно да се вклучат во овој спорт. Рибарски вели дека интерес кај младите се појавува, но тоа се уште не доволно.

„Турнирот има за цел помладите да ја играат оваа волшебна игра“ – додава Рибарски.

Турнирот се одржува прва година, со тенденција да прерасне во традиција и да се реалиизра секој наредна година.

Лаура Стојанова М-Нет