
Бадниково гранче на трпезата значи симбол на светлина, здравје и напредок. Дедо Дане од Штип и оваа година традиционално бадникови гранчиња продаваше на пазарот пред Бадник. Граѓните масоввно ја прдолжуваат традицијата, купуваа гранчиња со што внесуваат светлина во својот дом. Донесено од повисоките планини, бадниковото гранче сведочи за продолжување на обичаите од дамнешни времиња.
„Уште оддамна останало за Бадник да има гранче на трпезата. Ова гранче е симбол на всетлината, симбол за здравје, напредок.“ – вели дедо Дане.
Бадникото гранче потоа се става во цвеќе. Дрвце или растение, но највважно од сѐ е да го има на трпезата за Бадник, заедно со сѐ останато што е приготвено и е посно.
„ Гранчето се става во потоа во цвеќе, во дрвце, растение и слично. Важно е на Бадник да се има на трпезата“ – вели дедо Дане.
Бадниково гранче е отсечен дел од дабово дрво, кое според традициите на православните христијани во Македонија, а и скоро во целиот православен словенски дел на Балканот, треба да се постави во огништето или каминот и да гори за Бадниковата Вечер. Општо и целата куќа се украсува со Бадникова гранчиња.
Лаура Стојанова М-Нет