Некогаш бадниковата вечера се поставувала на софра, денес подзаборавена практика

Дрвена софра, под која поставувавме р’жање во форма на крст и бадникова гранка, вака граѓаните на Штип се сеќаваат на бадниковата трпеза од минатото. И додека од една страна новото и модерно време пружи нови можности, од друга страна постарото време анкетиранти едногласни дека е поавтентично во однос на празнувањето. Велат дека некогаш адеот бил поинаков, најпрво сите се крстеле, се поткадувале, па потоа сите седнувале и чекале најстариот да го раскрши лепчето.

Важно е тоа што и денеска ваквиот празник се почитува и од младите, иако малку на помодерен начин, велат анкетираните.

На ден пред Бадник ритуално се обавувале подготовки за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогаш се мелело од првиот страк на пченицата, којшто се нарекувал божја брада и се чувал врзан со црвени конци; се одбира домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божиќ, како и опрема за сечачот на Бадникот.

Лаура Стојанова М-Нет