
Бадниковите поворки и годинава ќе се одржат во сите градови и помали населени места. Со пеењето на песната Вечниот Бог дечињата ќе го означат доаѓањето на богомладенецот. За првпат годинава Бадников повроки ќе се одржат и во село Спанчево. Пријавени се над 100 дечиња, а се завршуваат последните подготовки. Децата ќе тргнат од храмот Свети Архангел Михаил во село Спанчево и ќе се движат до главниот влез на селото. Рекорден број на дечиња се пријавени и во Кочани. Над 400 деца песната Вечниот Бог ќе ја пеат од храмот Свети Великомаченик Ѓорги низ централното градско подрачје сѐ до градскиот парк.
„Традиционално како и претходните години и оваа ќе се одржат бадниковите поворки. Низ сите градови и помали населени места дечињата пеејќи ја песната Вечниот Бог ќе го навестат доаѓањето на богомладенецот. Во Кочани подготовките се при крај, имаме пријавено над 400 дечиња. Предвидена е и маршутата ќе се движиме низ централното градско подрачје се до паркот на Револуцијата“ – вели Арсовски.
Подготовки се речиси завршени и во Штип. Осма година по ред ќе се пее песната За Вчениот Бог, а жолтите ѕвездички како витлеемската ќе ги упатат до пештерата на раѓањето на богомладенецот. Жолтите ѕвездички се изработуваа минатиот месец. Бадниковата поворка во Штип тргнува од градската црква Свети Никола, сѐ до плоштадот Слобода.
Лаура Стојанова М-Нет