Визита во нова година- некогашна практика на штипјани, денес децидни дека младите живеа во ,,модерно“ време

Визита, после 12 часот на полноќ е некогашната примена кај штипјани, која во тие ја практикувале во дочекот на новата година. Сега малку подзаборавена практика, која разбуди емоции кај анкетираните за М-нет телевизија. Велат тоа биле времињата во кои тие се дружеле, забавувале и најглавно вљубувале.

Во однос на прашањето, дали денес се оди на визита после дочекот на новата, граѓаните едногласно одговорија дека не, едни заради фактот дека се слаби финансиите, други затоа што младите веќе живеат во модерно и несфатливо време за нив.

Инаку, ваквите практики во минатото се правеле поради една и основна цел, а тоа луѓето се извидат, да си прикажат, да запеат и да заиграт, а тоа е се основите за да човека биде среќен и исполнет.

Лаура Стојанова, ,М-Нет