
Во Штип за една година се продадени станови, чија вредност се проценува на 13 милиони евра. Интерес за купување има и за старите, но и новите градби. Досега се продадени 270 станови низ населбите и централното градско подрачје. Ако изминатите години станови купуваа турски државјани, кои студираат во Штип, оваа година е година на домашните купувачи од Штип и од соседните градови во регионот.
Со изградбата на линија два градот ќе се шири од населбите Пребег и Железничка до бањата Кежовица и Ново Село.
Лаура Стојанова, М-Нет