Штипските моторџии и велосипедисти ги израдуваа дечињата, Дедо Мраз им подели пакетчиња

Викендов и велосипедистите и моторџиите ги израдуваа дечињата во Штип. Во саботата мото клубовите Соул Рајдерс и Офф Роад заедно со моторџија Дедо Мраз имаа дефиле низ улиците, а потоа ги поделија пакетчињата на шеталиштето. Инаку и двата мото клуба посетија повеќе училишта и институции во Штип и Карбинци за да ги израдуваат дечињата со новогодишни пакетчиња. Во неделата пак велосипедистите во организација на двајцата студенти на Универзитетот Гоце Делчев, браќата Дарио и Драган Атанасови со велосипеди и Дедо Мраз направија дефиле низ повеќе штипски населби и исто така на шеталиштето поделија пакетчиња.

На овој убав начин моторџиите и велосипедистите од Штип ги направија предновогодишните денови поубави и ги честитаат празниците на сите граѓани.

Лаура Стојанова, М-Нет