Мицкоски: Нема веќе уцени, политички моќници, сватови кои што возат ролс ројс, луѓе кои што дивеат по ЈП

Нема веќе уцени, политички моќници, сватови кои што возат ролс ројс, луѓе кои што дивеат по ЈП, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Вели дека тие како влада покажаа и докажаа дека сакаат да бидат пријатели кон стопанството, а она што е најважно дека стопанството се ослободи, со што нема никакви неправилности, како што имаше во минатото.

“Следната година е година, каде што е предвидено рекорден број на капитални инвестиции, не само за државните и владини проекти, туку и за општинските проекти. Тука секако морам да споменам и поддршката кон економијата дирекна, која што ја даде владата. Тука да не го забортавиме и оној кредит со 1,95 проценти каматна стапка, кој што од јануари веќе ќе биде достапен на македонската економија, така што мислам дека како влада покажавме и доакжавме дека сакаме да бидеме пријатели кон стопанството и она што е најважно е стопанството се ослобид, а тоа го покажуваат првите индикатори, нема веќе политички моќници, голобради момчиња кои што купуваат трговски центри, сватови кои што возрат роус роис, луѓе кои што дивеат, нема уцени,

На сите граѓани премиерот посака следната година да им биде по бериќетна од оваа година, но најмногу пред се да има здравје, бидејќи тоа е најпотребно.

“Им посакувам да им биде по успешна, по среќна и по бериќетна 2025, од оваа која што помина, но пред се многу здравје, бидејќи тоа ни е најпотребно.”, додава Мицкоски

Инаку, премиерот додатно изјави дека веќе 7 месеци нема неправилности и за ваквата ситуација истакна дека тоа е одлично, бидејќи има слобода, која што претходно седум години не постоеше.

Лаура Стојанова, М-Нет