Детонит Плачковица ќе го задржи костурот и ќе биде финансиски стабилен, ќе има неколку засилувања!

Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица ќе го задржи костурот на тимот со носителите на играта, а клубот веќе преговара со четири до пет квалитетни играчи кои ќе се промовираа после Новогодишните празници дознава М Нет телевизија.

Клубот е финансиски стабилен, а веќе се разговара и преговара за нови засилувања, со што ќе се гради тим покрај за пролетната полусезона и за следната сезона со кој ќе се напаѓаат одново местата кои водат кон Прва лига.

„Го сочувавме костурот на тимот со носителите на играта, веќе разговараме со четири до пет засилувања кои ќе ги промовираме во следниот период. Клубот е стабилен, на 9. јануари ќе означиме старт на подготовките за пролетниот дел“, рече Здравков за М Нет телевизија.

Во следните денови ќе бидат промовирани првите зимски засилувања во Детонит Плачковица кој есенскиот дел го заврши на 5. место.

Александар Ванев, М-Нет