
Прволигашот Вардар продолжува да се засилува за пролетната полусезона во која ќе води борба за директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Најтрофејниот фудбалски клуб го промовираше младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски како ново засилување кое доаѓа од редовите на Брера Струмица.
Тој го засилува средниот ред на Вардар, а во својата кариера покрај за Брера има настапувано и за Работнички од каде и потекнува 22-годишниот Тодоровски.
Претходно, Вардар го промовираше словачкиот интернационалец Михал Пинтер, Георги Јанкулов, штипјанецот Михаил Маневски и Мите Цикарски.
Александар Ванев, М-Нет