
Пионерките на женскиот ракометен клуб Астибо од Штип забележаа убедлива победа од рекордни 43:7 против тимот на Спартак од Скопје, а во рамки на 10. коло од женската пионерска лига.
Ракометарките на Астибо беа пресилни и покажаа моќ во салата „Тошо Арсов“ во Штип, а во првиот дел постигнаа 22 гола, а противникот постига само пет погодоци. Во вториот дел штипските ракометарки продолжија да ја полнат мрежата на противникот, додека пак Спартак само само два гола за вкупно 7.
Ана Марија Накова постигна 14 гола, а пак Анастасија Гицева постигна десет погодоци, во тимот на Спартак четири пола постигна Катарина Ракиќ.
Екипата на Астибо е есенски шампион со скор од седум победи и едно реми и 15 бодови на своето конто, а пак Металург заврши втор со 13 бодови, Вардар е трет со осум бодови, Младост е четврти со четири бодови, а Спартак е на дното без бодови.
Александар Ванев, М-Нет