
Македонската машка ракометна репрезентација веќе трет ден се подготува за настапот на Светското првенство 2025 година. Македонската репрезентација првиот дел од подготовките ќе го одработи во Стара Пазова, Србија каде ќе остане до 30 декември.
Младиот македонски репрезентативен голман, Иван Галевски вели дека подготовките се одвиваат добро!
“Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”, вели Галевски.
Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а натпреварите нашата репрезентација ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.
Александар Ванев, М-Нет