Реконструкција на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш влегува во завршна фаза, салата го доби вистинскиот сјај!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Во завршна фаза влегува реконструкција на СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, веќе се поставува новиот под на салата, а во следните денови ќе бидат поставени и новите столчиња на двете трибини.

Како што претходно директорката Лолита Арсова за М Нет телевизија истакна дека претходниот под бил само пластика и бетон, сега салата добива нов модерен и современ под според ЕХФ стандарди.

Столчињата ќе бидат фиксни, а капацитетот на салата ќе биде за 2.000 гледачи. Спортската убавица која е градена во поранешна Југославија ќе го добие вистинскиот сјај, со што овој голем спортски храм ќе добие значително подобри услови какви што треба за еден ваков спортски објект.

За целосната реконструкција на спортската сала во Радовиш се издвоени околу 20 милиони денари, пари кои ги обезбеди комплетно Министерството за спорт, исто така и општина Радовиш ќе направи и сопствени вложувања во самата сала за уште подобри услови.

Ова реконструкција на радовишката сала се очекува да биде готова кон крајот на следната недела, со што истата ќе биде пуштена во употреба.

Спортската сала во Радовиш е пуштена во употреба во 1986 година, а која има површина од 3,968 м2. Самиот комплекс располага со голема сала со големина од 1.126 м2 и мала сала со површина од 400 м2.

Александар Ванев, М-Нет