Кошаркарите на Соколи против Работнички 2018 во Штип, дерби на Охрид и Црн Дрим!

Овој викенд ќе се одигра последното есенско коло од Втората кошаркарска лига, а во рамки на 11. коло кошаркарите на Соколи во Штип ќе ја пречекат екипата на Работнички 2018.

Штипските кошаркари на овој меч ќе бидат големи фаворити за нов триумф, а со тоа да продолжат да го трасираат патот кон Првата лига. Со овој меч кошаркарите на Соколи на домашен терен ќе ја затворат 2024 година.

„Езерско дерби“ ќе одиграат Охрид и Црн Дрим од Струга, со тоа што стружани според формата ќе бидат фаворити, но повеќе од јасно е дека на вакви дерби натпревари формата и моменталната ситуација на табелата е во втор план.

Дерби ќе одиграат Маџари и Борец Баскет, овој дерби меч е клучен и важен и за двете екипи во борбата за Прва лига, а пак Струмица ќе ја бара втората сезонска победа на домашен терен против Бутел.

МЗТ Скопје ќе игра на домашен терен против Водно Санс во дуел од долниот дел на табелата, а пак Ангели како фаворит ќе го пречека тимот на Мега Баскет.

Александар Ванев, М-Нет