Бојан Миовски е носител на орденот „Свети Никола“, познати и добитниците на признанијата „19 Декември“

Носител на Орденот „Свети Никола“ е фудбалскиот репрезентативец Бојан Миовски. Познати имињата и на четворицата добитници на признанијата „19 Декември“. Општина Штип 13. пат по ред го чествува 19 декември, денот на општината, патронот на Штип.

„Оваа година добитници на признанието „19 Декември“ по повод патронот на град Штип се: КТМ „Енерџи солушн“ друштво со ограничена одговорност Штип, како општествено одговорна компанија. Потоа доктор Александар Митевски, хирург, ТППЕ Штип и оодбојкарскиот клуб УГД Штип.“ – вели Панајотов.

Чествувањата почнуваат утре на 18 декември, а ќе продолжат и на 19 декември, ден Свети Никола. Прогррамата за чествувањата по повод празникот се заеднички со македонската православна црква Брегалничка епархија.

„Традиционално Општина Штип по повод празникот ќе реализира програма заедно со македонската православна црква Брегалничка епархија. Во среда на 18 започнуваме во 17 часот во соборниот храм Свети Никола со вечерна богослужба, веднаш по неа е Свечената Академија и доделувањето на Орденод „Свети Никола“. Орденот го доби Бојан Миовски.“ -додава Панајотов.

Признанијата и орденот се доделуваат согласно со Одлуката на Советот на Општина Штип од 2009 година. Празникот е меѓу една од помасовните куќни слави, а Штип светецот го смета за свој заштитник, денот кога се празнува, пак, 19 декември, е празник на градот.

Лаура Стојанова М-Нет