
Ракометарите на Текстилец УГД во рамки на 13. коло од Првата ракометна лига претрпеа тежок пораз од фаворитот Македонја ЃП на гостински терен.
Од самиот почеток домашниот тим одлично го отвори натпреварот и водството постојано се зголемуваше за 22:11 на полувреме. Во вториот дел Македонија ЃП имаше големи серии со кои на крајот дојде до конечните 39:25.
Стефан Нацев кај Македонија ЃП со 10 гола беше најдобар, а пак Филип Џинес и Алескадар Јовановски со по пет гола се истакнаа кај штипскиот тим.
Во Богданци немаше победник Младост и Драчево ги поделија бодовите откако одиграа 28:28. Ѓорѓе Атанасов беше најдобар кај домаќинот, а пак Ѓорѓи Дука кај гостинот.
Еурофарм Пелистер 2 со Метарлуг РА со 41:21 беше пресилен, Аеродром дома загуби од Кичево со тесни 25:27. Јехона го доби Астраион со 37:30, Шампион немаше сили за Скопје и загуби со 29:34.
Преспа Вардар забележа голем пораз од ланскиот суперлигаш Вардар Неготино со резултат од 22:38.
Текстилец со две победи и десет порази и четири бодови е претпоследен во групата Б, а место во плеј-офот обезбедуваат Еурофарм Пелистер 2, Металург РА, Мулти Есенс и Овче Поле, а извесно и Јехона од група А, од група Б се Скопје, Младост, Драчево, Македонија ЃП и Вардар Неготино.
Александар Ванев, М-Нет