Мал Ајакс во Штип го пречекува тимот на ССК Скопје, дерби на Балкан и Овче Поле, Кратово сака нов триумф!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Во сабота ќе биде отворено деветтото коло на Втората футсал лига, кое ќе се комплетира во понеделник. Пред второлигаши кои веќе ги одиграа натпреварите од елимационото коло во Купот следуваат предизвиците во првенството.

Колото ќе биде отворено со натпреварот меѓу Кратово и Каршиака во меч каде ќе гледаме неизвесност, а силно на трите бодови атакуваат и двете екипи. Кратово влезе во победнички ритам и на домашен терен како благ фаворит ќе атакува на продолжување на победничката низа.

В сабота ланскиот прволигаш Карадаку ќе игра против тетовски СЕЕ Университи, Мал Ајакс во Штип како фаворит ќе го пречека тимот на ССК Скопје.

Балкан и Овче Поле ќе го одиграат дербито на деветтото коло. Двете екипи силно атакуваат на трите бодови, Балкан има амбиции за влез во Прва лига, а пак тимот од Свети Николе сака да се врати во прволигашкото друштво. Кораб на домашен терен во Дебар ќе го пречека тимот на Конзули од Битола.

Колото ќе се комплетира во понеделник со мечот меѓу Партизан Југ од Брвеница и струшки Енхалон.

Александар Ванев, М-Нет