Судиите од штипско Апелациско подрачје гласаат за нов член на Судскиот совет од нивното подрачје

Судиите од штипското Апелациско подрачје гласаат за нов член на Судскиот совет од нивното подрачје

Судиите од штипското Апелациско подрачје денеска гласаат за нов член на Судскиот совет од нивното подрачје. Гласачките места низ Основните судови во Апелацискиот суд во Штип се отворени од 8 часот, а се гласа за пет кандидати. Истите се отворени до 15 часот, по што Комисиите кои ги има формирано Судскиот совет ги пребројува гласовите и го носи материјалот во главниот град. На гласачкото ливче се имињата на судиите Ацо Тасев од Основен суд-Штип, Мери Гичева од Основен суд-Штип, Невена Перица од Основен суд-Штип, Данка Ристова од Апелациски суд-Штип и Тони Делев од Апелациски суд-Штип.

Новиот член на Судскиот совет ќе го заземе местото на судијата Лорета Ѓоргиева на која и завршува мандатот како член на Судскиот совет од подрачјето на Апелацискиот суд-Штип, а право на глас имаат околу 40 судии од штипското Апелациски подрачје.

Лаура Стојанова, М-Нет