
Интезивни одрони повторно ги остави службите со полни раце работа. Од село Истибања до граничен премин Делчево, Виница-Берово, Берово-Струмица, како и Делчево-Берово се патните правци каде најмногу се работи на терен. Раководителот на Македонија пат Влатко Цоневски за М-Нет телевизија вели дека екипите чистат постојано, но по краток период глетката е како воопшто да не е излезено на терен. Истакна дека внимателното возење кај возачите нема да биде на одмет, како и почитувањето на сообраќајната сигнализација, со цел да не се дојде до несакани последици.
“Одрони и тоа интезивни од село Истибања, па се до граничен премин Делчево, од Виница до Берово. Од Берово до Струмица и од Делчево до Берово. Ова се патните правци на кој се јавуваат одрони и како што реков тие се интезивни. Се чистата редовно, но после екипите на терен исто како да не е чистено. Внимателното возење нема да биде на одмет, како и почитување на сообраќајната сигнализација.“, вели Цоневски
За среќа до сега нема замрзнување по патиштата, температурите се релативно добри и единствено што има е слабо провејување на снег на патниот правец кон граничниот премин Делчево, додава Цоневски.
„Немаме заврзнување, температурите се релативно добри, слабо провејување на снег има кај граничниот премин.“, додава Цоневски
Во согласност со ситуацијата од македонија пат и понатаму апелираат да се почитуваат патните сигнализации, да се почитуваат сообраќајните правила, како и да се има поголема претпазливост со цел да се намалт несаканите последици.
Лаура Стојанова, М-Нет