Мир, спокој, почит, љубов и трпение посакаа штипјани за денешниот празник посветен на Воведувањето на Богородица во храмот

Мир, спокој, почит, љубов и трпение за наше спасение. Со ваквата изрека денес штипјани се поклонија пред иконата на денешниот празник посветен на воведението на Пресвета Богородица во храмот во Ерусалим. За М-Нет телевизија тие велат дека денес е потребно да шириме љубов, наместо гнев. Според библијата, таа е долготрпелива, полна со добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,на неправда не се радува, а на вистина се радува, сѐ извинува, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ претрпува и никогаш не престанува.

Граѓаните додатно велат кога станува збор за помладата популација, речиси кај нив верата не е присутна, па како што велат може би тоа е причината за голем те број неуспесни и падови.

Инаку, Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога.

Лаура Стојанова, М-Нет