
Борачите на Балканец од Штип учествуваа на два големи Меѓународни турнири во Бугарија, од каде се враќаат со големи резултати и медали.
На Меѓународниот турнир „Иван Крстев и Петко Дерменџиев“ во Јамбол, Бугарија во категорија деца 2016 година во конкуренција до 27 килограми Лана Николова го освои третото место.
Во пионери генерација 2010-2011 во конкуренција до 85 килограми Христијан Димитриев го освои третото место. Во категорија кадети 2008-2009 Никола Гицев во конкуренција до 51 килограми го освои третото место, а пак Бојана Ковачева до 49 килограми го освои второто место.
Екипата беше предводена од тренерот Мики Тодоров.
Борачите на Балканец настапија и на Меѓународниот турнир „Серафим Барзаков“ во Петрич, Бугарија, каде го категорија деца 2013-2014 во конкуренција до 26 килограми Лука Николов го освои второто место, а пак Кристијан Миташев до 53 килограми го освои третото место.
Екипата беше предводена од тренерите Виктор Богданов и Давор Тасев.
Александар Ванев, М-Нет