Шкендија е осамен лидер, реми на Вардар со Тиквеш, Гостивар и Силекс ги поделија бодовите!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Денес беа одиграни натпреварите од 17. коло на Првата лига, натпревари кои требаше да се одиграат во неделата, но беа одложени за денес, а кои се играат без присуство на публика, а без публика ќе се одиграат и натпреварите од последното есенско коло, кое се игра следниот викенд.

Шкупи после пет порази во низа конечно се израдува на триумф откако славеше на домашен терен со 3:1 над актуелниот шампион Струга Трим Лум. Гостивар и Силекс ги поделија бодовите откако одиграа реми без погодоци (0:0).

Пелистер со минимални 1:0 го доби дуелот со Беса во Битола, а пак Шкендија со минимални 0:1 славеше над Воска Спорт на „Билјанини Извори“ во Охрид.

Вардар и Тиквеш ремизираа играјќи 1:1, а пак Работнички со 1:3 славеше над Брера Струмица.

Во однос на табелата Шкендија сега е прва со 36 бодови, Силекс, Гостивар и Работнички имаат по 34 бодови со што го делат второто место, додека пак Струга останува на 5. место со 29 бодови.

На 6. место е Шкупи со 19 бодови, а толку бодови имаат Пелистер и Брера Струмица. Беса е деветта со 13 бодови, колку што има и Вардар. Воска Спорт е претпоследна со 12 бодови, а на дното останува Тиквеш со 11 бодови.

Александар Ванев, М-Нет