Форца слави во големото дерби против Проект

ФОТО: Телевизија М Нет

Актуелниот шампион Форца преку Зоран Левески и Берат Рамадани слави во големото дерби во Првата футсал лига против екипата на Проект, која е конкурент за Форца за титулата со резултат од 2:1.

Форца прва поведе со два гола предност преку Левески и Рамадани, а потоа гостинскиот тим преку Никола Анчевски намали на 2:1 на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа, а резултат од првиот дел стана конечен.

Со оваа Форца е прва на табелата со плус пет бодови во однос на Проект кој е втор.

Повеќе информации околу осмата рунда, табелата и комплетна анализа на Првата футсал лига во утрешните спортски вести на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет