
Влатко Симов од Карбинци е единствениот кој сѐ уште чува овци. Некогаш овде се чувале околу три до четири илјади овци, сега единствено е стадото на Симов кое бори околу 200 овци. Вели одгледувале неговиот дедо, неговиот татко и тој ја продолжува традицијата, но после него нема кој да продолжи. Тешко е вели Симов, а далеку од исплатливо, цел ден работа, а пари нема. Токму затоа дециден е дека за неколку години нема никој да чува стока во ова село.
„Тешко е, ситуацијата е многу тешка. Гдоината си мине, а пари нема.. Со стока е, сабајле станеш цел ден си со нив. Само јас одгледувам стока. Тука имаше околу 3000 – 4000 овци, сега само јас“ – вели Симов.
Симов има 67 години, а работи сам. Но како што вели исплатливост за нив нема, од ваквата дејност во корист се само трговицте. Јагнињата ќе се продаваат по Нова година, се бараат но цената не ги покрива трошоците.
„Лани, јагнешкото се продава секој пат ама кој печале, трговците. Лани ги земаа по 220 денари и дека е математиката, а во месарите месото беше од 500 до 600 денари.“ – додава Симов.
Симов со сточарство се занимава од мали нозе и тоа го исполнува. Иако е тешко го продолжува она што го започнале неговите предци и дециден е дека ќе работи додека е во можност.
Лаура Стојанова М-Нет