
Со красење на новогодишната елка во холот на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, изработка на хамер со новогодишни мотив, вкусен десерт и песна започнаа активностите за одбележување на 3 декември, Меѓународниот ден на децата со попреченост. Средношколците од СОУ „Коле Нехтенин“ како и учениците од државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ и годинава ја продолжија традицијата за зедничко дружење и одбележување на 3 декември.
„Секоја година во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на децата со попреченост ние како училиште, односно училишната заедница заедно со училиштето Искра оргнзираме заеднички активности. Најпрво ја украсивме новогодишната елка, изработивме хамер со новогодишни мотиви и на крај со вкусен десерт, и сето тоа ќе го залиеме со добра песна. Целта на овие активности е заедничко дружење на учениците“ – вели Манова.
Учениците и од двете училишта заеднички придонесоа за елката да биде прекрасно украсена за Нова Година. Децидни дека преку дружба создаваат амбиент за празниците во кој ќе уживаат сите.
Во активностите беа вклучени децата од училишната заедница од СОУ „Коле Нехтенин“, а помогнаа триесетина деца од „Искра“.
Лаура Стојанова М-Нет