
Утре во рамки на 14. коло во Втората лига во Радовиш ќе се соочат Детонит Плачковица и Башкими во дерби натпревар за трите бодови.
Фудбалскиот стратег Александар Максимов за М Нет телевизија го анализираше натпреварот кој ќе може да го следите во живо само на спортскиот канал М Нет Спорт.
ИЗЈАВА (ТЕЛЕФОНСКИ ИЗЈАВИ Александар Максимов) Александар Максимов, фудбалски тренер 00:00 (дерби натпревар) до 00:48 (многу да се игра)
„Дерби натпревар помеѓу екипите на Детонит и Башкими, двете екипи се во добар моментум со висока самодоверба и мотивација сметам дека ќе биде доста интензивен и тежок натпревар, дел нормално до физички аспект, но сметам дека повеќе ќе биде од психолошки аспект. Екипата на Башкими сигурно ќе влезе можеби поголем психолошки притисок за да се задржи тоа трето место, но и да се нападне второт, додека Детонит со победа би фатил приклочок кон местото за бараж. Но, сепак доколку резултат е негативен по нив мислам дека нема да им влијае многу на табелата. Натпреварот секако е важен, но не сметам е клучен бидејќи до крај има уште многу да се игра“, изјави Максимов за М Нет телевизија.
Максимов исто така направи анализа и на натпреварот меѓу Осогово и Каменица Саса, дерби на две екипи кои минатата сезона во последното коло се изборија за опстанок, а сега Саса е во многу подобра ситуација, во однос на „жетварите“ кои се во долниот дел и бараат излез од резултатската криза и прогрес кон зоната за директен опстанок. Овој натпревар ќе може да го следите во живо ексклузивно само на М Нет телевизија.
„Во дербито помеѓу Осогово и Саса сметам дека не би гледале некој допадлив фудбал, според играта на двете екипи и мислам дека нерешено е најреален резултат. Можеби мала предност би имала екипата на Осогово поради домашниот терен и навивачите коишто сметам дека би биле таму да дадат поддршка и да помогнат на тимот да се извлече од резултатската криза. Сметам дека до крај од сезоната немаме да имаме некоја голема разлика во зоната за испаѓање и дека првите пет натпревари од втората полусезона ќе ни дадат појасна слика“, рече Максимов.
Утре со почеток од 13 часот на М Нет телевизија ќе може да го проследите натпреварот меѓу Осогово и Каменица Саса преку директен пренос од Кочани, додека пак на М Нет Спорт ќе може да го следите натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Башкими со директен пренос од Радовиш, исто така со почеток од 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет