Празно пред откупниот центар за тутун во Карбинци, тутунарите не го даваат тутнот оти цената им е ниска

Ваквата слика на терен е иста четири дена, од понеделникот кога впрочем и започна откупот на тутун во Карбинци. Од откупниот центар велат дека граѓаните не се задоволни од цената, и додаваат дека затоа, но и заради временските прилики уште не го продаваат својот тутун. Производителите на тутун од карбинските села децидни дека цената од околу 370 денари за нив е неисплатлива. Работат ден и ноќ сите членови од семејството, а цената не ги покрива ни основните трошоци за живот. Бараат цената на тутунот да биде од 500 до 600 денари за да може да се продаде и догодина да се сади повторно. Во спортивно велат нема да има тутун по нивите во штипско карбинскиот регион.

„Од оваа цена не сум задоволен и не мислам да го продавам. Ако сега го продадам догодина нема да садам. Ноќеска од два часот да работам за таа цена, не е исплатливо“ – велат тутунарите.

Од откупниот центар во Карбинци потенцираат дека сѐ уште е рано и дека дел од центрите уште не се започнале со откуп. Се надеваат на добра година и квалитетен тутун.

Лаура Стојанова М-Нет