Ивановски: Само со зголемена понуда може да дојде до намалување на цените на производите!

До петок ќе се знае кои производи ќе бидат дел од новогодишната кошничка, со која се предвидува намалување на цените на повеќе од 600 производи. Но, колку истата според економистите ќе даде резултат. Глигор Ивановски вели дека цените постојано растат, а за тоа сведочат и граѓаните. Токму затоа потребна е реална подлога за да можат ваквите мерки од страна на Владата да дадат резултати кои ќе ги почувствуват и граѓаните.

„Јас цело време зборувам дека цените ќе растат, потрошувачката кошничка нема реална подлога. Реална подлога е секојдневно да се мерат потребите на луѓето изразени во пари. Работите секојдневно се менуваат однонсо секојдневно растат цените.“ – вели Ивановски.

Само со поголема понуда мож да има намалување на цените на производите, вели Ивановски. Кога ќе се намали увозот на пченица, пченка, но и извозот на квалитетни производи може да зборуваме за реална понуда која ќе придонесе за поголема побарувачка и намалување на цените на производите дециден е Ивановски.

„Единствен начин е зголемена понуда на пазарот. Пазарот е место каде се среќаваат понудата и побарувачката. Ние треба да најдеме начин да имаме поголема понуда на нешто што се бара. Зголемена понуда на производи што ги бара населението, кога тоа ќе се случи сите трговци ќе бараат начин како да ги продадат, а еден од начините за продажба е и намалување на цените.“- вели Ивановски.

Потрошувачките кошнички се носат пред сите поголеми празници и во нив се производи кои најмногу се бараат во одреден временски период за кој е донесена кошничката. Заврши есенската, а сега следува новогодишната која ќе важи еден месец.

Лаура Стојанова М-Нет