
Доколку загадувачите на централното подрачје не ги плаќаат глобите за загадувањето, тогаш судот ќе ги превзема понатамошните мерки. Претседателот на здружението на комунални инспектори Борче Везенков на денешната седниц на здружението истакна дека 30 постапки на физички и шест постапки на правни лица има само во Штип, а казните се претежно за градежен отпад, шут на јавна површина и чување стока и живина. Вели дека истите проблематики, денес беа теми на дискусија на самата седница.
Темите се од областа за прекршочни одредби од законот за јавна чистота. Можам да ви кажам во однос на Општина Штип дека во тековната година како комунална инспекција имаме околу да кажам 30 постапки на физички лица и шест на правни лица. Што значи дека ако тие глоби не се плакат, се праќаат до судот и тогаш судот одлучува за сторените глоби. Најчесто за одлагање на земја, градежен отпад, шут на јавни површини, чување на стока и живина во централно грдско подрачје.
Потребно е поголем број на инспектори за животната средина, кои што ќе бидат редовно на терен за да ги санкционираат сите загадувачи без разлика на тоа дали правни или физички лица, вели Сашо Илиовски, комуналниот инспекор од Битола
„За подобра животна средина постапуваат овластени инспектори од животна средина и тие работејки го законот, казните за физичките и правните лица се многу повисоки казните во споредба со комуналните инспектори. Треба поголем број на инспектори за животната средина кои што ке бидат редовно на терен за да се санкционираат сите тие загадувачи без разлика на правни или физички лица.
Инаку, денес се одрржа шестата по ред седница на ова здружение на која имаше организирано и обука за различни видови на инспектори, кои што се заинтересирани да присуствуваат во ваквите настани.
Лаура Стојанова, М-Нет