
Со рецитал, едноминутен молк и положување свежо цвеќе кај Алеата на народни херои во Штип, преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, роднини и пријатели му оддадоа чест на Љупчо Арсов. Денеска се одбележува денот по повод неговата смрт.
“Денеска се собравме сите овде пред спомен бистата на нариодниот херој Љупчо Арсов, за да се пристеиме дека точно на 19 ноември 1986 година почина Љупчо Арсов кој е погребен на гробиштата со Скопје. Тој произлегува од револуционерна фамилија. Роден е во Штип 1910 година, тука завршува средно образование.“, истакна Мицески
Арсов бил прогласен и за народен херој во времето на Југославија како и херој на социјалистичиот труд, додава претседателот на здружението на борци Петар Мицески
“Носител е на повеќе војни одликувања, како орден со црвено знаме, носител на партизанскиот труд.Прогласен е за народен херој во Југославија и херој на социјалистичкиот труд. Поради ова останува пораката Славното име на Македонија нека биде пример на сите нас и генерациите што доагаат по нас, татковината мора да се бране и одбране за слобода и националниот интегритет.
Инаку, Арсов работел на формирање на воен штаб, собирање на луѓе и оружје за партизански одреди сè со цел започнување на оружена борба против окупаторот. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ на кое бил избран за секретар, а Трагично загинал во Скопје на 18 ноември 1896 година.
Лаура Стојанова, М-Нет