
Најдоцна за две години треба да биде изградена регионалната депонија во светиниколско Мечкуевци, откако се распиша меѓународниот јавен тендер. Со изградбата на депонијата ѓубрето од 18 општини од источниот и југоисточниот дел од државата треба да завршува овде и соодветно да се третира. Во останатите општини депониите треба да бидат целосно затворени, и да има само препунктни станици. Но, ова за светиниколчани е неприфатливо. Анкетираните велат дека не возможно е да се гради депонија во нивна близина, додавајќи дека стравуваат и за сопственото здравје. Децидни дека Мечкуевци е едно од засега најчистите места во нивното опкружување и дека овде не може наместо земјоделие да има депонија.
„Тоа на некоја планина нека го носат, ова е населено место – Мечкуевци. Тоа е најприродно место, најбогато со природа и со вода. Со депонијата ќе биде катастрофа“ – велат граѓаните.
Од друга страна пак, сите останати општини со нетпрение ја очекуваат изградбата на оваа депонија, со цел да се решат проблемите со дивите депониите во останатите населени места. Во Кочани 17 дена се протестираше, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци и понатаму бараат алтернатива за нивниот отпад. Со отворањето на регионалната депонија во сцветиниколско ќе се реши порблемот со ѓубрето во 18 општини.
Лаура Стојанова М-Нет