
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на нации против репрезентацијата на Фарски Острови со што Македонија со голем успех го завршува овој циклус во Лигата на нации.
Македонија ја доби Летонија со минимални 1:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а веќе утре ќе го одигра последниот меч против Фарски Острови.
Првото место е потврдено и Македонија оди во Б сегментот, но и разгирување за следниот Мундијал.
Утре со почеток од 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје нашата репрезентација ќе бара триумф против „фараните“ кои направија изненадување совладувајќи ја Ерменија во гости.
Во однос на табелата Македонија е прва со 13 бодови, Фарски Острови е втор со 6 бодови, откако „фараните“ одземаа и бод од Македонија на првиот меч.
Ерменија е трета со четири бодови колку што има и Летонија која е последна во нашата група.
Александар Ванев, М-Нет