
Кошаркарската репрезентација на Македонија е на уште еден чекор поблиску до пласман на Евробаскетот кој ќе се одржува следната година во Кипар, Финска, Полска и Летонија во период од 27. август до 14. септември.
Македонија в четврток на 21. ноевмри во Скопје ја пречекува Литванија, во соочување на двете репрезентации, за македонската јавност познато од Европското првенство од 2011 година кога Македонија славеше токму над домаќинот Литванија на тоа ЕП.
Тоа е повеќе од доволна причина за да се даде поддршка на нашите кошаркарки во обид за нов триумф и пласман на Евробаскетот.
Натпреварот се игра на 21. ноевмри (четврток) со почеток од 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Билетите за натпреварот веќе се пуштени во продажба.
Александар Ванев, М-Нет