Карши старото нервно одделение и кај автобуската станица во Штип ќе бидат продавниците на Лидл

Спроти старото нерво одделение во Штип и на Автобуската станица ќе бидат лоцирани двете продавници на Лидл. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека преговорите се во тек, со што наскоро се очекува Лилд да пристигне во Штип. Исто така посочи дека автобуската станица нема да биде дислоцирана од сегашното место.

„Во минатото иамме потенцирано дека од информациите кои ги имаме од страна на оваа комапнија тие се заинтересирани за две локации. Едната локација е веќе добро позната на јавноста, карши некогашното нервно одделение, на потегот покрај булаверот Партизанска. Втората локација се преговори со сопственикот на објектот од некогашната автобуска станица. Информациите говорат дека автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира.“ – вели Јорданов.

Јорданов во оваа прилика потенцираше дека се работи во насока на изготуваување на најразличен вид на одобренија за градба. Целта е да се урбанизира Штип. На повеќе локации има потенцијални инвеститори кои стекнуваат одредено земјиште во сопственост и се планираат одредени градби на деловни и станбени објекти за развој на градот.

Лаура Стојанова М-Нет